Ханси Флик испрати порака до навивачите на Барселона

Ќе биде емотивна вечер, Интер ќе ја хостира Барселона, во реваншот од полуфиналето на Лигата на Шампионите. По ремито 3-3 во првиот натпревар, за Барса ќе биде императив да обезбеди победа доколку сака да се пласира во финалето.
Свесен за задачата, Ханси Флик разговараше со официјалните медиуми на клубот пред овој важен судир, кој го означи како „финале пред финалето“.
Испраќајќи порака до навивачите на Барселона, Флик зборуваше за тоа колку далеку стигнал клубот, особено споредувајќи го со она што луѓето го очекуваа на почетокот од сезоната.
„Кога ја започнавме сезоната, никој не можеше да предвиди што ќе постигнеме. Не се работи за притисок, ние играме финале пред финалето“, рече тој. „Сакаме да покажеме кои сме и како можеме да играме како тим. Сакаме да ги направиме навивачите и клубот горди“, додаде германецот.
Германскиот тактичар изрази желба да обезбеди тикет за финалето, кое ќе се игра во Берлин. „Сакаме да покажеме дека сме спремни да играме во финалето и ова е одлична можност за нас“.