Ханси Флик и Педри ги споделија своите фрустрации околу судењето на вчерашниот натпревар

Ханси Флик ги критикуваше судиите на натпреварот откако неговиот тим беше поразен од Интер во полуфиналето од Лигата на Шампионите, но јасно изјави дека е горд на своите играчи за сите нивни напори во утакмицата. 
 
Уште еден возбудлив натпревар помеѓу двете страни заврши со победа на Аѕурите од 4-3, со што се комплетира вкупната победа од 7-6. 
 
Натпреварот имаше голем број контроверзни одлуки, а Флик почувствува дека сите маргинални одлуки одеа во корист на Интер. 
 
„Разочаран сум, но не од играчите или нивните перформанси. Тие дадоа сè од себе, и тоа е она што е. Ние одпаднавме, но следната година ќе се обидеме повторно и ќе се обидеме да го усреќиме целиот клуб и навивачите“, изјави тој за медиумите. 
 
„Интер извонредно игра. Тие се бранат одлично и имаат добри напаѓачи. Ја чуваат топката, имаат добри автоматски механизми. 
 
„Не сакам да зборувам премногу за судијата, но мислам дека секоја одлука од 50-50 што ја носеше беше за нив. Тоа е фудбалот, мора да го прифатиме. 
 
„Размислувам за судиските одлуки, но не сакам да зборувам за тоа. Не е фер кон мојот тим, кој играше одлично. Не ми се допаѓа да зборувам за судијата. Му кажав што мислам, но нема да го кажам тоа овде“. 

Педри се согласи со забелешките на неговиот менаџер и изјави: „Не е прв пат тоа да се случи со овој судија и според мене УЕФА треба да ја разгледа ситуацијата со него… има многу работи кои што сакам да ми бидат објаснати”.