Ханси Флик фаворит за испразнетото тренерско место во Баерн
Поранешниот тренер на Баерн Минхен и германската репрезентација
Ханси Флик е најсериозен кандидат за клупата на Барселона, објави
угледниот весник „Билд“.
Само 24 часа откако актуелниот тренер на Каталонците, Чави
Ернандез објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Камп Ноу,
почнаа шпекулациите за тоа кој ќе седне на клупата на славниот клуб.
Челниците на Барселона веруваа дека Јирген Клоп, кој исто така
неодамна најави заминување од Ливерпул, може да биде идеалното
решение за нивниот тим.
Сепак, бидејќи германскиот стручњак објави дека сака да одмори
една сезона, претседателот на Каталонците, Лапорта се сврте кон друг
германски тренер.
Првиот човек на Барселона сака да го искористи тоа што Флик е долго
време слободен, бидејќи не е ангажиран од септември минатата
година, кога по бројните неуспеси беше отпуштен од селекторската
функција на германската репрезентација.
Германскиот стручњак претходно две сезони со голем успех
раководеше со Баерн Минхен. Со Баварците освои вкупно седум
трофеи и тоа две Бундеслиги, Купот на Германија, Лигата на
шампионите, Суперкупот на Германија, Суперкупот на УЕФА и
Светското клупско првенство.
Интересно, под водство на Флик, Баерн и го нанесе на Барселона еден
од најтешките порази во историјата на Лигата на шампионите, кога во сезоната 2019/20 ја демолираа во четвртфиналето со резултат 8-2.