Хаос на натпревар во БиХ – навивачи претепаа судија и судијка! (видео)

Неверојатен инцидент го одбележа почетокот на сезоната во втората лига на Тузланската општинска лига во Босна и Херцеговина. Во текот на натпреварот помеѓу Будуќност од Лукавица и Рудар Букиње, при резултат 0:2 изби тепачка.

Домашните навивачи ги нападнаа судиите предводени од Алмир Кариќ, откако гостите го постигнаа вториот погодок. Натпреварот се играше во Башиговци, откако Слатина одлучи сезонава да го отстапи стадионот на Будуќност за домашните натпревари.

Со оглед на тоа што домашните навивачи ги нападнаа судиите, договорот за соработка скоро сигурно ќе биде раскинат по само еден натпревар.

Делегат на натпреварот беше Адел Авдиќ од Лукавац, кој во својот извештај опиша како дојде до судирот.

„По вториот погодок настана општ хаос, каде на теренот влегоа домашните навивачи. По нападот на помошниот судија, тој се здоби со полесни повреди на главата и градниот кош. Навивачите потоа тргнаа кон главниот судија, кој доби удари со нога, а ја нападнаа и судијката, која доби удар во носот.“ – пишува во извештајот.