Харгривс: Само еден тим може да застане на патот на Сити сезонава во ЛШ
Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и на Баерн Минхен, Овен Харгривс, вели дека само Баварците можат да му застанат на патот на англискиот состав кон титулата во Лигата на шампионите.
Избраниците на Пеп Гвардиола се неприкосновени лидери во Премиер-лигата додека со вчерашната елиминација на Борусија Менхенгладбах лесно си обезбедија место меѓу најдобрите 8 екипи во елитната конкуренција на Европа.
„Со оглед на формата во која игра Сити се гледа дека имаат квалитет да освојат четири пехари во една сезона. Гледам дека само еден тим може да го сопре походот на Сити кон титулата во Лигата на шампионите. Тоа е Баерн Минхен“, рече Харгривс.