Харис Делалиќ од Игокеа се сели во МЗТ Скопје
МЗТ Скопје е во преговори за ангажман на ново засилување во своите редови, и тоа од редовите на АБА-лигашот Игокеа.
Станува збор за репрезентативецот на БиХ, Харис Делалиќ, кошаркар висок 200 сантиметри кој настапува на крилната позиција и во наредниот период би требало да му се приклучи на актуелниот шампион на Македонија.
Делалиќ е играч кој од 2022 е член на Игокеа, а претходно има настапувано за Слобода Тузла, Челик Зеница, Босна, Какањ.
Делалиќ единствените меѓународни предизвици ги имал во Белгија, каде настапувал за екипите на Шарлроа и на Лувен.