Хари Кејн е најдобар играч на Премиер лигата за месец март

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е прогласен за играч на месецот во Премиер лигата. Тој во март ја освои наградата по седми пат и со тоа се израмни со поранешниот напаѓач на Манчестер Сити ,Серхио Агуеро.

Хари Кејн во март одигра 4 натпревари за Тотенхем, постигнувајќи 4 гола и 2 асистенции.