Хари Кејн има договор со Сити?
Англискиот репрезентативец и играч број еден моментално во Англиската репрезентација на ЕУРО 2020, Хари Кејн очигледно е дека по завршувањето на Европското првенство ќе ја промени клупската средина но, ќе остане во Англија.
Англиските медиуми тврдат дека Хари Кејн се договорил со екипата на Манчестер Сити и во следните пет години ќе го носи дресот на тимот на Пеп Гвардиола, каде ќе заработува по 16 милиони по сезона.
Тотенхем првично ја одби понудата, но преговорите продолжуваат бидеќи Кејн инсистира да се пресели во Манчестер Сити.
Медиумите на Островот се сигурни дека ова ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Премиерлигата.
Тотенхем за слободата на напаѓачот бара 150 милиони фунти, но Сити се обидува да ја намали таа сума преку преговори.