Хари Кејн сака да остане во Тотенхем

Според најновите информации од англиските медиуми напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн, сака да остане во клубот и да соработува со новиот тренер на екипата, италијанецот Антонио Конте.

Англискиот репрезентативец ја започна сезоната во очајна форма под водство на сега веќе поранешниот тренер на Тотенхем, Нуњо Еспирито Санто, но сега верува дека новиот тренер Конте е способен да им донесе трофеј на лондонскиот клуб.

Кејн изјави дека повеќе нема да форсира негов трансфер во екипата на Манчестер Сити, која изрази желба да го донесе во своите редови изминатото лето.