Хари Кејн ќе настапи во реваншот со Селтик

Англискиот фудбалски интернационалец, Хари Кејн, кој заработи повреда на викенд -дербито со Баер Леверкузен, веројатно ќе се појави на теренот на денешниот реванш меч со Селтик во елиминациите во Лигата на шампионите.

Тој иако беше ослободен од вчерашниот тренинг, сепак се очекува да го предводи нападот на Баварците на денешниот меч во Германија.

Неговиот тим со едната нога е во осминафиналето откако на првиот дуел во Шкотска победи со 2-1.