Хартс во јуни бесплатно ќе го добие Мато

Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, на крајот на сезоната без обештетување ќе замине во составот на Хартс иако „црвено-црните“ неодамна објавија дека одбиле 350.000 евра и дека бараат 1,5 милиони за негов трансфер.

„Воодушевени сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор со репрезентативецот на Уганда, Роџерс Мато, да стане играч на Хартс следното лето. 22-годишниот фудбалер ќе се приклучи на нашиот клуб во јули“ – објави Хартс.

Одличниот напаѓач со новиот клуб ќе потпише договор за три години.