Хајдук пак го надигра Динамо и му побегна на врвот на ХНЛ

Хајдук во вечното дерби на хрватскиот фудбал го победи Динамо со 1-0. По 15 рунди во Хрватска, Хајдук е лидер, има седум бода повеќе од третопласираниот Динамо, а три од Риека.

Голот за победа го постигна Нико Сигур во 54. минута.

Хајдук ја имаше најдобрата шанса во преостанатиот дел од натпреварот, во 60. минута Ливаја можеше да го реши мечот, но голманот на Динамо Загорац го одбрани неговиот удар.

Динамо на крајот од мечот остана со играч помалку, поради груб фаул над Кровиќ, а по прегледувањето на видеото од ВАР, судијата го исклучи Рог.

Бурно беше и на трибините, на крајот од мечот гостинските навивачи, популарните „Бед Блу Бојс“ го преплавија теренот на Пољуд со факели.