Хаџиевски фаворит за клупата на Локомотив Софија

Поранешниот селектор на Македонија и еден од најтрофејните тренери од нашата земја, Ѓоко Хаџиевски е најсериозен кандидат за нов тренер на Локомотив Софија, кој остана без шеф на стручниот штаб по разделбата со Љубослав Пенев.

Според бугарските медиуми, македонскиот стратег се очекува денеска да пристигне во Софија, каде треба да ги заврши преговорите со раководството на клубот и да потпише договор.

Како можна алтернатива се споменувал и Душан Косиќ, актуелниот тренер на Локомотив Пловдив, но преговорите за негов ангажман не успеале поради финансиските барања.

Хаџиевски последен пат го предводеше Спартак Варна, од каде си замина набргу по почетокот на сезоната. Во кариерата има искуство во бугарскиот фудбал, каде претходно работеше и во ЦСКА Софија.

Доколку договорот биде реализиран, Хаџиевски ќе добие нов предизвик во бугарската Прва лига.