Хенеберг од Данска е ново ракометно засилување за Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер доведе уште еден квалитетен ракометар во своите редови. Станува збор за данскиот ракометар Себастијан Хенеберг.

Хенеберг кој може да настапува на позицијата среден и десен бек, во клубот од Битола доаѓа од екипата на Алборг.

28-годишниот ракометар претходно има настапувано за Силкеборг и Архус, а во сезоната 2019/20 потпиша за норвешкиот првак Елверум. После одличната сезона во тој клуб, Хенеберг потпиша договор со Алборг. 

Неговото искуство од игрите во Лигата на шампиони ќе биде огромен придонес за Еурофарм Пелистер посебно во претстојните настапи во Лига Европа.