Хенриксен го продолжи договорот со Мајнц 05
Германскиот фудбалски клуб Мајнц го продолжи договорот со тренерот Бо Хенриксен до летото 2027 година.
Данецот го презеде тимот во февруари 2024 година и избегна испаѓање, а во новата сезона го предводи Мајнц до шестото место во Бундеслигата.
„Со својот начин на работа, Бо го влечеше целиот тим со себе. Совршено се вклопува во Мајнц и задоволни сме што ќе продолжи да го води клубот и во наредните години“, изјави членот на управата, Кристијан Хајдел.
Хенриксен рече: „Поминавме многу заедно и направивме голем напредок и како тим и како клуб. Поддршката од навивачите беше неверојатна уште од мојот прв ден овде и тоа многу влијаеше на мојата одлука“.