Херојска победа на Бенфика против Реал, Мурињо го слави голманот Трубин

Најлудиот натпревар, во последноот коло од првата фаза во Лигата на шампионите, го одиграа Бенфика и Реал Мадрид.
Бенфика победи со 4-2 и благодарение на подобрата гол-разлика од Олимпик Марсеј (за еден гол), го освои 24-то место, последно кое носи играње во баражот. Во исто време, Реал испадна од Топ 8 и ќе мора да игра дополнителни два натпревари за пласман во осминафиналето.
Апсолутен херој на Бенфика е голманот Трубин, кој постигна гол во 98-та минута.
Избраниците на Жозе Мурињо немаа што да изгубат на овој натпревар и тргнаа на сè или ништо. Голот на Мбапе за водство на Реал не ги вознемири, направија пресврт до крајот на првиот дел.
Сјелдеруп го донесе израмнувањето, а во судиското продолжение од првото полувреме, Павлидис погоди од пенал. Норвешкиот играч за врска го зголеми водството на почетокот на второто полувреме и сè изгледаше идилично за домаќините.
Сепак, Реал успеа да ја намали предноста со уште еден гол на Мбапе, а резултатите и состојбата на табелата постојано се менуваа. На крајот, со оглед на тоа што Марсеј губеше со 3:0 во Бриж и имаше иста гол-разлика како Бенфика, Португалците мораа да постигнат уште еден гол за да продолжат понатаму.
И тоа се случи во судиското продолжение, и може да се каже дека е заслужено, бидејќи тимот на Мурињо пропушти уште најмалку две добри шанси за да слави и со поголема разлика.
Реал мечот го заврши со девет играчи, во судиското надополнување на времето поради жолти картони беа исклучени Раул Асенсио и Родриго.
Благодарение на победата на Спортинг во Билбао, Реал заврши на деветтата позиција.
Историски резултат постигна и Боде/Глимт со триумфот во Мадрид, против Атлетико (2-1). „Јорганџиите“ излегоа со јасна цел да победата со голема разлика за да можат да се надеваат на место во Топ 8.
Напааѓаа константно, редеа шанси пред голот на Хаикин, но само Серлот во 15-та минута успеа да постигне гол. Од друга страна, Норвежаните реализираа две од своите три шанси, кога ги користеа лошите реакции во одбраната на Атлетико.
Двата тима ќе играат плеј-оф за место во осминафиналето. Атлетико заврши на 14-то, а Боде/Глимт на 23-то место.