Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 0-7 во Сингапур

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0 во вториот пријателски натпревар во оваа земја.
Во првиот натпревар, со многу посилниот ривал, Јапонија, екипата на Карло Анчелоти беше поразена со 3:2 со гол во судиското продолжение, па затоа беше важно Бразилците да покажат реакција против Сингапур.
И таа пристигна прва под водство на супер расположениот Винисиус Жуниор, кој ги постигна првите три гола во натпреварот, и тоа експресно, од деветтата до 21-та минута.
Напаѓачот на Реал ги постигна сите три гола по совршено одиграни акции на Бразилците.
Покрај Вини, головите за Јужноамериканците против 149-тата репрезентација на ранг-листата на ФИФА ги постигнаа Ендрик, Естевао, Рајан и Сухаими, кој ја смести топката во сопствената мрежа во 74-та минута.
Foto/ DepositphotosFacebookTwitterLinkedInTelegramWhatsAppOKPrevПретходноМеси планира да ја тужи федерацијатаСледноАлонсо повторно ќе вози на Дакар релитоNext