Хет-трик на Халанд, Сити го „распарчи“ Ливерпул

Фудбалерите на Манчестер сити го прегазија Ливерпул и славеа убедлива победа во четвртфиналето од ФА Купот со 4-0.

Немаа избраниците на Арне Слот никакви шанси денеска против расположената екипа на „граѓаните“, а свој ден имаше и Ерлинг Халанд.

Резултатот беше отворен во 39-тата минута кога Халанд погоди од пенал за 1-0, а во судиското продолжение од овој дел и уште еднаш се запиша во листата на стрелци за 2-0.

Каде што застанаа во првиот дел таму продолжија во вториот. Семењо во 50-тата зголеми на 3-0 за Халанд седум минути подоцна да комплетира хет-трик. Во продолжение Ливерпул имаше прилика преку Салах да постигне почесен гол, но Египќанецот не реализираше пенал.