Хименез не е сериозно повреден, може да игра уште викендов

Милан може малку да здувне, откако тестовите не покажале сериозна повреда на Сантијаго Хименез. Новиот напаѓач на „росонерите“ би требало дури и да биде подготвен за петочниот натпревар против Удинезе.

Репрезентативецот на Мексико влезе од клупата за време на ремито 2-2 со Фиорентина на Сан Сиро во саботата навечер, но остана само 25 минути на терен, бидејќи по незгоден пад при судир со голманот Давид Де Хеа беше принуден да го напушти теренот со тешкотии со дишењето.

Тестови не покажале лезии или скршеници, така што се работи само за модринка на градниот кош и стомачните мускули.