Хименез ризикува казна од 15 натпревари заради удар врз директорот на ФИФА

Уругвајскиот дефанзивец Хозе Марија Хименез би можел да биде суспендиран на 15 натпревари откако удри со лакт еден од директорите на натпреварувањето на ФИФА за време на протестот по мечот со Гана, пишуваат европските медиуми.

Уругвајците го одработија својот дел во последното коло против Гана, за краток период постигнаа два гола и мислеа дека е готово. Дека Јужна Кореја не може да направи пресврт против Португалија и дека нивниот премин во осминафиналето е обезбеден. И токму тоа се случи, азискиот тим победи во судиското надополнување и со тоа ги елиминираше Урусите од Светското првенство.

Очекувано, избраниците на Диего Алонсо беа разочарани и лути, но не на себе, што не го постигнаа третиот гол и со тоа останаа независни од резултатите на вториот натпревар, туку на главниот судија и неговите помошници. Јужноамериканската крв зовре на последниот судиски свиреж и неколку уругвајски интернационалци се упатија кон судијата Даниел Зиберт и неговите помошници за да го изразат своето незадоволство од недосудените пенали врз Дарвин Нуњез и Единсон Кавани.