Хоакин Кореа пред потпис со Галатасарај

Галатасарај тргнува по потписот на напаѓачот на Интер, Хоакин Кореа. Не е тајна дека ова лето Интер ќе бара купувач за напаѓачот кој ќе биде одвишок во тимот за следната сезона.

29-годишниот аргентински напаѓач ја помина сезоната 2023/24 на позајмица во Олимпик Марсеј, каде што не покажа ништо забележлително. На 19 настапи за тимот од Лига 1 не успеа да постигне ниту еден гол.

Марсеј нема намера да го купи Кореа, дозволувајќи му да се врати во Интер во наредните недели. Аргентинскиот напаѓач не е дел од проектот на Симоне Инзаги, но Галатасарај има интерес за него, па допрва треба да следуваат преговорите со Интер.