Хоакин Кореа ќе биде замената за Лаутаро во Интер
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е спремен да го продаде Лаутаро Мартинез доколку пристигне добра понуда.
Преговорите за продолжување на соработката помеѓу двете страни не одат во добра насока, па Интер нема да се противи на неговото заминување, особено поради фактот што „нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми.
За Аргентинецот се заинтересирани Арсенал и Атлетико Мадрид, а самиот Лаутаро преферира преселба во Мадрид.
„Скај Италија“ пренесува дека Интер веќе има најдено замена доколку Лаутаро биде продаден ова лето.
Станува збор за напаѓачот на Лацио, Хоакин Кореа, кој е голема желба на тренерот Симоне Инзаги.