Ходл: Ако не го освои Светското првенство, Меси секогаш ќе биде во сенка на Марадона

Поранешниот англиски фудбалер и селектор Глен Ходл смета дека аргентинскиот напаѓач Лионел Меси секогаш ќе биде во сенка на легендарниот Диего Марадона доколку не успее да го освои Светското првенство.

„За мене, Марадона е најдобриот играч што светот некогаш го имал, подобар од Меси, Кристијано Роналдо, Пеле, Јохан Кројф, кој било. Мислам дека беше чист гениј. Светското првенство во Катар е последната шанса на Меси да го надмине или да се искачи на нивото на Марадона, инаку тој секогаш ќе биде во негова сенка“, изјави Ходл за „Дејли Стар“.

35-годишниот Меси учествува на петтото светско првенство во кариерата. Марадона имаше четири вакви турнири на своето конто, но за разлика од напаѓачот на ПСЖ, тој успеа да освои еден од нив во 1986 година.