Холандски прволигаш половина минута играше со 12 фудбалери

Бизарни триесет секунди го обележаа натпреварот меѓу Херенвен и Фортуна Ситард (2-2) во холандската Ередивизија.

Херенвен имаше водство од 2-1 од 82. минута, кога се случи неверојатна ситуација, Фортуна на теренот имаше голман и 11 играчи, поточно 12 играчи, а никој не забележа.

Тренерот на гостинската екипа направи две замени во 88. минута, а еден од играчите кој беше заменет остана на теренот.

Од игра требаше да излезат Рајан Фосо и Хаспер Далхаус. Циркусот настана кога Едуард Михут се приближи до клупата на гостинскиот тим.

Сите мислеа дека е тој ја напушта играта, но тој се врати на теренот, а играта продолжи без Далхаус да го напушти теренот.

Фортуна играше со играч повеќе и така успеа да постигне гол и да дојде до бод.

„Мислам дека тоа што се случи е многу посебно. Фортуна имаше 12 играчи на теренот. Се чини дека тоа е дозволено и возможно. Никогаш не разговарам со судиите и ги оставам да си ја завршат работата, но тие не можат да играат со 12 играчи. Тоа е незамисливо. Го прашав четвртиот судија дали треба да направи нешто. Не можете да играте со 12 фудбалери. Навистина не можам да го разберам тоа. Мислам дека ова е навистина скандалозно”, изјави по натпреварот тренерот на Херенвен, Робин ван Перси.