Холанѓанецот Думфрис на радарот на Баерн Минхен
Десниот бек на Холандија, Дензел Думфрис е првата трансфер цел на Баерн Минхен по завршувањето на Еуро 2020.
Договорот на 25-годишниот фудбалер со ПСВ, кој постигна 2 гола на 2 натпревари на тековното Европско првенство, е со клаузула за раскин од само 15 милиони евра, што го прави голема мета на најголемите европски тимови.
Баварците и онака немаат намера да трошат многу за нови засилувања, па оваа цена за холандскиот репрезентативец е како „погодена“ за нив ова лето.
