Холанѓанецот Рејндерс за најмалку 55 милиони евра во Манчестер Сити

Манчестер сити постигна договор со Милан за трансфер на холандскиот играч од средниот ред Тижани Рејндерс за сума од 55 милиони евра, објавија британските медиуми. Трансферот со бонусите би можел да се зголеми на 70.000.000 евра.
Рејндерс ќе потпише петгодишен договор со англискиот шампион, под услов да ги помине медицинските прегледи. Договорот, исто така, вклучува дополнителни бонуси во зависност од исполнувањето на одредени клаузули, објави Би-Би-Си.
Сити се надева дека ќе го заврши трансферот на време за Рејндерс да биде регистриран за претстојното Светско клупско првенство, кое започнува на 14 јуни во САД.
Доаѓањето на холандскиот репрезентативец треба да го зајакне средниот ред на Пеп Гвардиола, кој е ослабен поради повредата на Матео Ковачиќ. Хрватскиот репрезентативец нема да биде дел од тимот за турнирот, откако неодамна беше опериран на Ахиловата тетива.