Холдинг го напушти Арсенал и го засили Кристал Палас
Дефанзивецот на Арсенал, Роб Холдинг е ново засилување за Кристал
Палас. „Топчиите“ се согласија да го продадат 27-годишниот
дефанзивец за скромна сума од 1 милион фунти, а договорот
предвидува Арсенал да добие дополнителни 2,5 милиони фунти во
бонуси. Договорот на Холдинг со Палас е на 3 години.
Арсенал го ангажираше Роб Холдинг од Болтон во 2016 година. Тој
одигра 162 натпревари за тимот од Северен Лондон, освојувајќи го
ФА Купот двапати и Комјунити Шилд трипати.