Хосни доби нов договор во Еурофарм Пелистер

Репрезентативецот на Тунис, Усама Хосни и следната сезона ќе го носи дреост на Еурофарм Пелистер.

„По уште една одлична сезона, соработката на Еурофарм Пелистер и Усама Хосни ќе продолжи и во иднина. Клубот и десниот бек се договорија за продолжување на соработката и за следната сезона и веруваме дека заедничкиот период на радости и трофеи ќе продолжи. Усама Хосни минатото лето се врати во Македонија и го облече дресот на македонскиот шампион, по успешната сезона 2022/23, по која за кратко замина од Битола“, објави клубот на социјалните мрежи.

32-годишниот Хосни со Еурофарм Пелистер има еден освоен шампионат и еден Суперкуп на Македонија. Сезонава во Лигата на шампионите Хосни настапи на 14 натпревари и постигна 24 гола.

Репрезентативец на Тунис го носеше дресот на Ал-Араби во сезоната 2023/24. Освен во Македонија и Кувајт, Хосни настапуваше во својата земја, во Франција и Катар.