Хоспитализиран кошаркарот Ник Калатес

Грчкиот кошаркар Ник Калатес е хоспитализиран поради повреда
на реброто на натпреварот против Шпанија.
Калатес беше префрлен во болница по натпреварот и поразот од
Шпанија 84:77, бидејќи за време на натпреварот доби удар во
ребрата.
Првичните снимки не покажаа скршеница, а 35-годишниот
плејмејкер ќе биде задржан на лекување со надеж дека ќе биде
подготвен за клучниот натпревар против Австралија.