Хојлунд би дошол во Јуве ако Влаховиќ биде продаден
Јувентус покажува дека е заинтересиран за 20-годишниот дански фудбалер Расмус Хојлунд кој во сезонава постигна 13 гола во дресот на Аталанта.
Станува збор за одличен напаѓач за кого се заинтересирани и луѓето од Милан и Рома.
„Старата дама“ го гледа младиот играч како евентуална замена за Душан Влаховиќ, кој веројатно во текот на летото ќе замине во друг состав.