Хрватот Примжиш прв ривал на Ѓоковиќ во Рим

Хрватскиот тенисер Дино Прижмиќ се пласираше во второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Рим, откако денеска попладнево ја комплетираше победата од 6-4, 6-3 над Унгарецот Мартон Фучович во првото коло.
Прижмиќ во средата поведе со 1-0 во сетови, потоа натпреварот беше прекинат поради дожд и продолжи попладнево.
Противник на Прижмиќ во 2. коло ќе биде Србинот Новак Ѓоковиќ.
Тоа ќе биде нивна втора средба, откако во нивниот прв меѓусебен дуел, во јануари 2024 година во 1. коло на Австралија Опен, Ѓоковиќ победи со 6-2, 6-7 (5), 6-3, 6-4.
За Ѓоковиќ ова ќе биде прв настап на АТП Тур по речиси два месеци.