Хрватска Горица ќе биде новиот клуб на Влатко Стојановски

Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски кариерата ќе ја продолжи во Хрватска. Од хрватските медиуми пренесуваат дека Стојановски во понеделник ќе пристигне во Горица и официјално ќе стане играч на овој клуб.
За Стојановски ова нема да биде прв ангажман во Хрватска, претходно настапуваше за Сплит, Неретванац и Дугопоље. Во 2018 година се врати во македонскиот фудбал потпишувајќи за Ренова.
Во Франција без поголем учинок го носеше дресот на Шамбли и Ним.
Ќе потсетиме, Стојановски беше дел од македонската репрезентација на Европското првенство и одигра 12 минути во поразот од Холандија.