Хрватски криминалци го ограбиле Александар Исак

Хрватски државјани на возраст од 22, 27, 31 и 42 години биле приведени во Англија како осомничени дека го ограбиле најскапиот фудбалер на Њукасл, напаѓачот Александар Исак.

Како што информираше британскиот инспектор, Шон Форди, полицијата реагирала брзо по пријавениот грабеж и успеала да ги пронајде сторителите.

„Имавме извонредна полициска операција која е само уште еден показател дека нема да го толерираме криминалот во нашиот регион“, кратко изјави инспекторот.

Во грабежот биле украдени скапа облека, накит и автомобил кој е пронајден. Инаку, Њукасл за Исак плати сума од 70 милиони евра на шпански Реал Сосиедад што го прави најскапиот фудбалер на овој клуб.