Хрватски фудбалер виновен за користење допинг

Maрио Вушковиќ, 21-годишниот стопер на германски Хамбург и младата репрезентација на Хрватска е прогласен за виновен за користење допинг, пресуди Фудбалскиот сојуз на Германија во Франкфурт.

Кај поранешниот дефанзивец на Хајдук во септември беше потврдено присуство на еритропоетин (Епо), хормон кој го регулира создавањето на црвените крвни зрнца кои себе можат да носат повеќе кислород и така да ги подобрува неговите можности. Суспендиран е на две години, а казната ја потврди неговиот клуб ХСВ. Младиот фудбалер го чека казна и нема да може да игра фудбал се до 14-ти ноември 2024 година.

Вушковиќ има право на жалба, но ако казната остане на сила под знак прашалник се доведува неговата кариера. Договорот со ХСВ му важи до 2025 и на пазарот би се вратил после долга пауза и со голема дамка.

„Невин сум и заедно со семејството и адвокатскиот тим работам за тоа да го докажам. Никогаш не сум мамел во спортот и никогаш нема тоа да го правам. Ниту на најлошиот непријател не му го посакувам тоа низ што јас и моето семејство поминавме во изминатите неколку месеци. Секој ден се надевам дека овој кошмар ќе заврши“, изјави Вушковиќ.

Сепак, тој тврди дека може да го докаже спротивното.