Хуанчо Хернангомез останува во Панатинаикос

Шпанскиот кошаркар Хуанчо Хернангомез останува во Панатинаикос. Првиот човек на грчкиот шампион, Димитрис Јанакопулос, јасно стави до знаење дека шпанскиот репрезентативец не е на продажба и дека клубот сака да го задржи што е можно подолго.
„Кој би го пуштил Хуанчо да си замине? Му реков да напише колку долго сака да остане во Панатинаикос, а ние ќе потпишеме“, изјави сопственикот на клубот.
Ернангомез има договор со Панатинаикос до летото 2027 година, но раководството веќе размислува за продолжување на соработката.
Со ова практично се става крај на гласините за негово заминување од атинскиот тим.