Хуго Лорис нема повеќе да настапува за Франција

Француските медиуми објавија дека голманот и капитен на француската фудбалска репрезентација, Хуго Лорис, става крај на својата репрезентативна кариера.
„ Не е лесна ваквата објава, но после 14 години носење на репрезентативниот дрес, кој го носев со огромно задоволство и гордост, со чувство на должност и одговорност, верувам дека стигнав до крајот“, изјави Лорис.
36-годишниот голман беше капитен на Франција на Мундијалот во 2018.година кога „триколорите“ станаа светски прваци. Тој беше капитен и на неодамна завршеното СП во Катар, каде Франција го освои второто место. Лорис одигра вкупно 145 натпревари за репрезентацијата на Франција.