Хулиан Алварез пред трансфер во Манчестер Сити

Раководството на Манчестер Сити е во напредни преговори со еден од најголемите аргентински таленти, Хулиан Алварез.

Тренерот Пеп Гвардиола е голем фан на 21-годишниот напаѓач на Ривер Плата, и во него гледа идеална замена за Кун Агуеро кој играше на истата позиција во Сити.

Повеќе новинари од Аргентина веќе ја потврдиле веста дека трансферот е договорен и дека англискиот шампион ќе ја плати откупната клаузула за играчот во висина од 20 милиони евра.

Сепак, според информациите, Алварез ќе остане во Ривер Плата каде ќе игра до летниот период кога и се очекува да се пресели во Англија.

За Алварез голем интерес покажуваа и од градскиот ривал на „плавите“, Манчестер Јунајтед.