Хулијан Алварез им се извини на фановите на Атлетико

Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез јавно им се извини на навивачите на Атлетико Мадрид за изјавите за време на Светското првенство, кога откри дека сака да го напушти клубот и да се пресели во Барселона. Трансферот не се реализираше, а неговите зборови предизвикаа незадоволство кај дел од приврзаниците на мадридскиот тим.

„Сакам да им се извинам на нашите навивачи. Погрешив и со начинот на кој ги кажав работите и со моментот кога го направив тоа. Го разбирам нивниот гнев, и јас би се налутил да бев на нивно место“, порача Алварез, кој истовремено им се заблагодари за поддршката што му ја давале.