Хумелс е замената за Калафиори во Болоња

Италијанската Болоња веќе упатила понуда за договор со германскиот ветеран, Матс Хумелс. Понудата е испратена до фудбалерот и сега само чека одговор од него.

Во меѓувреме, медиумите објавија дека станува збор за понуда за договор од една година, со опција за автоматско продолжување на уште една сезона. Хумелс ќе добие 3 милиони евра (2 милиони евра плата + 1 милион евра бонус за потпис).

Минатата сезона Матс одигра 40 натпревари, постигна четири гола и даде една асистенција во дресот на Борусија Дортмунд.