Хумелс по само неколку недели ја напушта Рома

Матс Хумелс би можел да ја напушти Рома во зимскиот преоден рок. Искусниот германски стопер летово потпиша едногодишен договор со Рома како слободен играч, но досега одигра само 23 минути во тешкиот пораз од Фиорентина (5-1).

Римјаните преживуваат хаотични месеци. Откако во средината на септември беше тренерот Даниеле Де Роси, него го наследи Иван Јуриќ.

Сепак, италијанските медиуми пишуваа дека челниците на Рома, семејството Фридкин не се задоволни од хрватскиот тренер. Има четири победи и пораз на десет меча, а работата му е сигурна до репрезентативната пауза кон средината на ноември.