Хуркач го намачи Алкараз, но Шпанецот избори финале во Ротердам
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2025/02/alcaraz-rotterdam-2025-thursday-1024x576.jpg)
Третиот светски рекет, Карлос Алкарас успеа да избори пласман во големото финале на АТП турнирот од серијата 500 во Ротердам.
Во вечерашното полуфинале шпанскиот тенисер беше подобар од Хуберт Хуркач со 2-1 во сетови со 6-4, 6-7(5), 6-3. Алкарас покажа слабости на овој меч, но и карактер, знаење, се враќаше во игра и на крајот се справи со Полјакот и утре против Алекс Де Минор ќе игра за 17. тутула во кариерата.
Алкарас губеше со 4-1 во првиот сет и потоа три брејк топки за да избегне двоен брејк по што се променија работите и успеа со 6-4 да дојде до водство од 1-0. Во втората „рунда“ немаше брејкови и се беше решено во тај-брејкот каде Полјакот се врати од негатива од 5-4 до 7-4 и завршен сет во кој фаворитот сепак беше на повисоко ниво и заслужено дојде до триумфот.
Инаку во првото полуфинале Де Минор му одржа лекција на најголемото изненадување на турнирот Матија Белучи совладувајќи го со 6-1, 6-2 за еден час.