Хусанов на чекор до Сити и историски трансфер

Манчестер Сити е се поблиску до потписот на узбекистанскиот репрезентативец, Абдукодир Хусанов.

Според одредени наводи, „граѓаните“ доставија официјална понуда за дефанзивецот на Ленс во висина од 50 милиони евра.

Самиот фудбалер не крие дека сака да работи под диригентската палка на Пеп Гвардиола. Хусанов во сезонава има одиграно 16 натпревари.