Хутер доби отказ, Терзиќ фаворит за негов наследник во Монако

Един Терзиќ е најсериозниот кандидат за нов тренер на Монако, по одлуката на клубот да ја прекине соработката со Ади Хитер. Раководството на овој тим разочарано од последните резултати, реши да побара стратег кој ќе внесе нова енергија и ќе го искористи потенцијалот на составот.
Ремито против Ница на домашен терен, иако гостите повеќе од еден час играа со играч помалку, беше капка која ја прели чашата. Отказот на Хитер е веќе извесен, а сопственикот Дмитриј Риболовљев лично ги води разговорите со Терзиќ за да го убеди да дојде во кнежевството.
Поранешниот тренер кој ја водеше Борусија Дортмунд до финалето на Лигата на шампионите се смета за идеален избор поради неговиот модерен и офанзивен стил на игра. Терзиќ работеше со ѕвезди како Ерлинг Халанд и Џуд Белингем и беше на чекор од титула во Бундеслигата, која му избегна во последното коло против Баерн Минхен.
Според медиумите во Франција, Монако веќе испратил конкретна и финансиски привлечна понуда. Терзиќ има 48 часа да даде одговор, а доколку ја одбие, управата ќе започне разговори со други потенцијални кандидати.