Цветановска 95-та на олимпскиот крос-кантри
Нашата олимпијка, Ана Цветановска, го освои 95-то место во нордиско скијање на трката 10 километри на Зимските игри во Пекинг откако оствари време од 39.57.7 минути.
Ќе потсетиме дека Цветановска не настапи во скијатлон на 7.5+7.5 километри поради одлуката на Меѓународната скијачка федерација да има само лимитиран број на нордијки поради ситуацијата со Ковид-19.
До крајот на Игрите, Ставре Јада на 19 февруари ќе трча 50 километри слободно додека Дардан Дехари во алпско скијање ќе настапи на 13 февруари во слалом и три дена потоа во велеслалом.