Целата управа на Јуве неочекувано си поднесе оставка

Вистински бум синоќа се случи во Италија – цело раководство на Јувентус си поднесе оставка! На итен состанок со акционерите на клубот бордот директори вклучувајќи ги и претседателот Андреа Ањели и потпретседателот Павел Недвед си поднеле оставки.
Повеќе информации засега не се објавени и наскоро се очекуваат. Во последниот период на Јувентус почна да му оди подобро и пред зимската пауза влезе во серија од шест победи во низа во Серија А без примен гол и затоа оваа вест е изненадувачка.
Наводно се повлекуваат од функциите поради тековната истрага за финансиска малверзација. Се очекуваат повеќе информации и во однос на тоа кој ќе ги превземе нивните места.