Цела европска елита го сака Гнабри од Баерн Минхен
Четири од најголемите клубови во Европа ја следат ситуацијата околу една од ѕвездите на Баерн, Серж Гнабри.
Вчера се појави информација дека крилниот напаѓач и Баварците не се многу блиску до договор за продолжување на договорот на играчот со германскиот гигант. Договорот на Гнабри со Баерн истекува во летото 2023 година.
Според информациите кои доаѓаат од Германија, Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул и Манчестер Јунајтед ја следат ситуацијата, но се очекува Гнабри да остане на „Алијанц Арената“. Фудбалерот сака иста плата како Кингсли Коман и Лерој Сане, кои можат да се пофалат со бруто плата од 15 милиони евра, без бонуси. Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман сака Гнабри да остане во тимот.