Цела екипа слави, само Бејл ја пропушти забавата по титулата на Реал

Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл објасни зошто не присуствувал на натпреварот со Еспањол, на кој неговиот тим ја обезбеди шампионската титула на четири кола пред крајот на првенството.

Кралскиот клуб ги совлада гостите од Барселона со 4:0 на „Сантијаго Бернабеу“, а по прославата на стадионот следеше традиционално возење со отворен автобус низ улиците на шпанската престолнина.

Забележливо беше отсуството на велшкиот репрезентативец, кого медиумите со години го бркаат од клубот, но тој никако да добие отказ.

„Разочаран сум што не можам да учествувам во прославата вечерва поради силен грч во грбот, но исклучително сум горд на тимот што ја освои титулата! Уживајте вечерва момци“, напиша Бејл на Твитер.