Целосен ремонт во Охрид, Воска отпушти девет фудбалери

Најслабиот тим во Првата македонска фудбалска лига, Воска Спорт се раздели со дури девет играчи кои го носеа дресот во есенскиот дел од шампионатот.

Охриѓани ја прекинаа соработката со Маумет Шакир, Албан Мехмеди, Тарик Демишоски, Антонио Илиески, Марко Вуковиќ, Хабибула Аскар, Дестан Адили, Христијан Јанкулоски и Јасин Казимоски.

Воска по есенскиот дел од првенството се наоѓа зацементирана на последното место на табелата со само 12 бода по 18 одиграни кола.