Цесар: Ќе биде тежок меч со Македонија

Македонија против Словенија во Лигата на нации, а натпреварот ќе се одигра на стадионот „Стожице“ во Љубљана.
По ремито со Шкотска во првото коло, избраниците на Боштјан Цесар ќе бараат победа во дуелот со нашиот национален тим.
“Ова е период кој би сакал што побрзо да го прекинеме. Пред нас е многу важен натпревар. Мора да се држиме до нашите принципи, да останеме на високо ниво што е можно подолго, а со нашите навивачи полесно е да стигнеме до победа. Верувам дека со вистинската физичка и ментална подготовка можеме да победиме“, изјави Цесар.
Цесар има и лична врска со македонскиот тим додека настапуваше за Динамо Загреб беше соиграч со актуелниот селектор на Македонија,Гоце Седлоски.
„Македонија заслужено е во Лигата Б. Тоа е добра репрезентација со одлични поединци. Мора да бидеме физички подготвени бидејќи ова нема да биде полесен натпревар од оној со Шкотска. Во нападот треба да бидеме подобри, а истовремено внимателно да ги контролираме нивните напаѓачи. Знаеме дека остануваат високо на теренот и бараат простор за брзи контранапади. Ќе мора да бидеме безгрешни и во одбраната и во нападот“, порача Цесар.