Цеск се извини за инцидентот со Алегри

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, му се извини на тренерот на „росонерите“, Масимилијано Алегри, за расправијата на крајот од натпреварот по ремито на Милан 1-1 во 24. коло од Серија А.

Двајцата тренери влегоа во конфликт, бидејќи Фабрегас при една акција на неговиот тим, за момент задржа фудбалер на Милан покрај аут-линијата попречувајќи го да се врати брзо на теренот.

-Се извинувам затоа што направив нешто непријатно. Како што рече Киву, мора да ги држите рацете дома. Се надевам дека никогаш повеќе нема да го направам тоа. Му се извинив на Алегри и ќе го направам тоа повторно, но неговиот коментар беше претеран. Иако направив грешка, тоа беше мал детаљ. Исто така, им се извинив на Мењон и Модриќ и се надевам дека нешто вакво нема да се случи повторно во мојата кариера.
Многу сум горд затоа што одигравме важен настап, кој можеме да го повториме во сабота против Јувентус. Имаме уште еден важен натпревар пред нас за 64 часа и мора да останеме фокусирани. Беше важно да одиграме ваков натпревар, особено по поразот од Фиорентина, изјави Фабрегас по мечот во Милано.

Милан има 54 бода и е втор во Серија А пласман. Комо е шести со 42 бода.